ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home БИСЕРИ

Затворски полицајци помагале на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во затворот, рекле бараат часовник што го зела кучката Цеца

April 9, 2025 15:14
in БИСЕРИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директроот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.

За настанот што се случил на 20 февруари годинава во КПД Штип, како што информираше Пандов, денеска на заедничка прес-конференција со директорот на КПД Штип Дејан Здравев и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, внатрешната контрола идентификува дека учествувале командирот на смена, петмина затворски полицајци кои помагале во барањето на дрогата и уште еден кој бил дежурен на капија таа вечер, како и тројца членови на Комисијата, која потоа донела одлука дека тие не се виновни за инцидентот.

Како што појасни Пандов, има и видео запис од видео надзорот од Затвор Штип на кој се гледа дека на 20 февруари годинава во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец M.T. во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот. Возилото и двете лица во него, кои ја префрлаат дрогата, како што појасни Пандов, подоцна исто така, се пронајдени.

Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат.

– По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци со иницијали З.Г., Т.С., С.Ј., М.Т., С.М. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски ламби се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов.

Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба се пребарува дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана.

-Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката Цеца, тој имал скап часовник за кој им навел дека чини најмалку 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов.

Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни.

– Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицајци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата  е 67 илјади денари, со средно образование, изјави Пандов.

Затворениците Ж.Ж и Р.К. Пандов рече дека се од Кочани и Струмица, од кои едниот е познат човек во македонското подземје и кој повеќе од 20 години е по македонските затвори за повеќе кривични дела.

Корупцијата во затворите е на многу високи ниво и Пандов нагласи дека и Управата за извршува санкции и најголем дел од директорите на затворите кои сега се имаат цврста намера до крај да се борат.

Прашан дали верува дека може да се надмине ваквата состојба во македонските затвори, Пандов рече дека верува, но за тоа да се случува, како што нагласи, треба сите кои затворски полицајци кои денеска ги прочитал со иницијали да го загубат работното место и исто да бидат затвореници.

– Корупцијата е таа што го дозволува тоа. Целиот систем во Македонија, она што го наследивме, секој еден од нас е сведок, дека е високо корумпиран, меѓутоа затворскиот систем е најкорумпиран. Тие луѓе дозволиле да бидат изманипулирани и потпаднале под парите кои што ги имаат затворениците, изјави Пандов.

Низ затворите, посочи Пандов, имаме луѓе од разни кланови, кои работеле со дрога и мигранти и дел од нив се исклучително богати и имаме примери од чесни полицајци или директори на затворите, за суми пари од неколку илјади евра кои се нуделе за обичен телефон.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ, нема кандидати за претседатели на судовите во Берово, Делчево и Радовиш

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk