Најмалку 107 цивили се убиени од 15 март во нападите на САД на јеменска територија контролирана од бунтовниците Хути од јеменското движење Ансар Алах, соопшти Министерството за здравство во владата формирана од бунтовниците.
– Како резултат на американската агресија врз Јемен, од 15 март до 9 април загинаа најмалку 107 цивили. Во истиот период беа повредени 223 цивили, се наведува во соопштението на Министерството.
Министерството за здравство, исто така, посочи дека бројот на жртвите на американските напади извршени во вторникот вечерта врз јеменскиот град Ходеида се зголеми на 12, меѓу кои има шест жени и четири деца.
Претходно, САД извршија серија напади врз објекти на Хутите во Јемен.
На 15 март, по налог на американскиот претседател Доналд Трамп, САД нападна цели на Хутите, кои контролираат околу една третина од територијата на Јемен.
Според американската централна команда, операцијата има за цел „да ги заштити американските интереси и да обезбеди слобода на пловидба“.