Корисниците од улиците „Благоја Паровиќ“ и „Аугуст Цесарец“ во општина Чаир ќе немаат вода поради дефект во водоводот на ул. „Благоја Паровиќ“ бр.74.
Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато утрово од 9 часот и ќе трае до санирање на дефектот.