ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИНРМ: Граѓаните сами да се бранат од паушални сметки – ЕВН нема капацитет за фер наплата

April 11, 2025 21:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ) алармира на сериозни недостатоци во начинот на кој се фактурира потрошувачката на електрична енергија, повикувајќи ги граѓаните да ги користат своите права и редовно да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме.

Според ИНРМ, најголем проблем претставува паушалното изготвување на сметките врз основа на проценета наместо реална потрошувачка, што, како што се наведува, доведува до неправедна наплата и преминување на корисниците во повисоки тарифни блокови.

„ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реална потрошувачка“, се наведува во нивното соопштение. ИНРМ бара итна промена на постоечките Правила за снабдување со електрична енергија, иницијатива што веќе била разгледувана на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

На седницата, покрај претставници од РКЕ, учествувале и претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме, кои дале свои забелешки на предложените измени. Сепак, ИНРМ тврди дека од дискусијата произлегло дека ЕВН:

Текстот од Здружението на инженери на Република Македонија го пренесуваме во целост: 

„Останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка.

Известување, забелешки и наше видување за текот и дискусиите на подготвителната седница во Регулаторната комисија за енергетика за Предлог-измените и дополнувањата на Правилата за снабдување со електрична енергија

Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на реалната потрошувачка и автоматска корекција на паушално изготвените сметки.

На подготвителната седница организирана од Регулаторната комисија за енергетика, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и четири претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме – стручни и овластени лица кои дадоа свои коментари и забелешки на предложените измени.

Од текот на двоиполчасовната дискусија ги изнесуваме нашите согледувања и заклучоци:

ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реалната потрошувачка.
Измените во софтверските решенија ЕВН не ги изведува самостојно, туку преку ангажирање на надворешни компании.
Иако се повикуваат на употреба на алгоритми за проценка на потрошувачката, досега никој не извршил увид или експертиза на програмскиот код, ниту ја анализирал точноста на алгоритмот.
ЕВН нема конкретна намера за брза замена на постојните броила со нови уреди кои овозможуваат далечинско отчитување.
Иако на веб-страната на ЕВН Дистрибуција се наведува дека на 31-ви декември постои автоматско отчитување и автоматска корекција на сметки за потрошувачите кои првпат влегуваат во четвртиот пресметковен блок, на седницата се утврди дека овие процеси не се целосно автоматизирани. Сметките сè уште се коригираат рачно и се базираат на предвидувања, наместо на реални податоци.

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, побара од претставниците на ЕВН да достават дополнителни објаснувања поврзани со клучните прашања што беа отворени на седницата, давајќи им рок од 10 дена за тоа. По добивањето на овие информации, РКЕ ќе го соопшти својот конечен став по однос на предложените измени. Членот на комисијата Елена Маркова Велинова истакна дека со ваквите постапки ЕВН прекршува определени одредби од Законот за облигациони односи. До моментот на одлуката на РКЕ ситуацијата останува статус кво.

Врз основа на горенаведеното, заклучуваме дека ЕВН нема капацитет за брза адаптација кон новите правила. Наместо да се потпира на сопствени ресурси, ЕВН користи надворешни софтверски добавувачи и нема соодветен кадар за модификација на софтверските системи. Било каква промена во постоечкиот систем за наплата ќе биде долг процес, кој би траел неколку години. Исто така, инсталирањето на нови паметни броила ии броила со далечинско отчитување ќе бара значително време и ресурси.

Спроведувањето на праведен и точен систем за наплата според реалната потрошувачка, согласно ставовите на претставниците од ЕВН, може да значи и поскапување на електричната енергија, а имплементацијата не би се очекувала скоро.

Затоа останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка.“

Ј. Ѓ.

Tags: ЕВНИНРМсметки за струја
Next Post

Политико: На вработените во Стејт департментот им е наредено да пријавуваат колеги со антихристијански ставови

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk