Обединетите нации денеска соопштија дека голем број од жртвите во израелските напади врз Појасот Газа се жени и деца, осудувајќи ги нападите на ИДФ врз раселените лица во бегалските кампови.
„Меѓу 18 март и 9 април 2025 година, имаше приближно 224 инциденти на израелски напади врз станбени згради и шатори за внатрешно раселените лица“, објави Канцеларијата на ОН за човекови права.
Во соопштението се наведува дека Канцеларијата ги потврдила информациите дека имало околу 36 напади во кои биле убиени само жени и деца, пишува „Тајмс оф Израел“.