ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Нови 19 лица осомничени за трагедијата во Кочани, меѓу нив актуелен министер на ВЛЕН и поранешни министри од ДУИ

April 12, 2025 20:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската  дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани. Сите се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Државното обвинителство. МВР информираше дека во координација со кочанското обвинителство, против  19-те лица е поднесена кривична пријава.

Како што претходно денеска објавија повеќе медиуми, приведени се поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, а меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

ЈОРСМ соопшти дека станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март 2025 „заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери“.

-Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре Клуб Пулс во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16 март 2025 година, за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои шест деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца, информира ЈОРСМ.

Соопштува и дека до крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.

-Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена, се наведува во вечерашното соопштение на државното Јавно обвинителство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: обвинителствотрагедија во Кочани

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk