Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со +0.168 предност пред Џорџ Расел во Мерцедес.
Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерите во генералниот пласман потфрлија – Ландо Норис ќе го заземе шестото место, додека бранителот на титулата Макс Верстапен ќе биде зад него, во четвртиот стартен ред.
Големата награда на Бахреин е закажана за недела во 17 часот.