ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пуштен системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан

April 12, 2025 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен функционален систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот истакна дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот.

Границата која досега значеше пречка, посочи Мицкоски, денес станува симбоил на модерноста, интеграцијата и регионалната зрелост и нема повеќе да се чека со часови.

– Денес симболично, но и суштински ја поместуваме границата помеѓу проблемите и решенијата, помеѓу застојот и движењето, помеѓу бирократијата и ефикасноста. Заедничкиот премин организиран според системот Оне стоп шоп значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо две, еден увид наместо две одделни контроли, а за граѓаните тоа значи повеќе време за семејството, за работа, за живот. На најдобар начин покажуваме дека границата не мора да биде ѕид, границата може и треба да биде наш заеднички мост, кој поврзува луѓе, идеи и можности, преку кој се зборува за доверба, соработка, економска соработка, развој на културата и туризмот, рече Мицкоски.

Тој порача дека денешниот чекор  е повеќе од билатерана политика и е дел од поголема слика, како што рече, слика во која целиот Западен Балкан се движи во иста насока кон Европската Унија. Оваа заедничка гранича точка, додаде, не е само премин помеѓу двете држави, туку премин кон европските вредности на соработка, интеграција и на слободно движење.

Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека по подолг период ангажманот и посветноста резултирале со проекет од голема важност за граѓаните на Северна Македонија и на Косово. – Основањето заеднички гранични премини се повеќе од гранична инфраструктура и тие претставуваат нови точки на соработка и сервис кои ги поврзуваат уште повеќе нашите народи и ги зајакнуваат нашите добрососедски односи, рече Курти, посочувајќи дека концептот на преминот е доказ за поголема довреба меѓу двете држави.

Отсега па натаму, додаде, граѓаните ќе бидат проверувани само при влез во земјата, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку современиот технолошки систем. Само во 2024 година над пет милиони граѓани ги поминале трите гранични премини меѓу двете држави, што укажува на врската меѓу нашите граѓани, но и потребата за слободен и брз проток на луѓе и стока, наведе Курти.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити истакна дека нашиот заеднички повик од граничниот премин е – интеграција сега.

-На ова место Блаце каде пред 26 години беше тестирано човештвото и определбата на луѓето за слободата, иднината и за обединувањето денеска почнуваме нова историја за развој и напредок. Со инаугурацијата на таканаречениот One stop shop систем за управување на границата бележиме значителен момент за подобрување на протокот на луѓето и материјалните добра како еден голем чекор кон Европската Унија, рече Меџити.

Со ова, додаде, правиме уште еден голем чекор во реализацијата на проектот „Европа без граници“.

-Интеграцијата не е само политички процес, тоа е наша визија за иднина без меѓусебни ѕидови и граници кои делат, туку со мостови кои не поврзуваат, рече Меџити и додаде дека Балканот заслужува да биде дел од Европската Унија и тоа не како товар, туку како додадена вредност.

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните во државава и годишно го користат преку 4,3 милиони патници. Тој е значаен за македонските и косовските граѓани, но и за меѓународниот транзит на луѓе и стоки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „One-stop-shop”Блаце – Елез ХанграницаКосово

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk