Хамас „најверојатно ќе одговори во рок од 48 часа“ на израелскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денеска за француските медиуми неименуван функционер на палестинското движење.
„Хамас најверојатно ќе го достави својот одговор до посредниците во рок од 48 часа, бидејќи движењето сè уште спроведува опсежни консултации“, рече претставникот кој сакаше да остане анонимен.
Хамас вчера соопшти дека, преку египетски посредници, добил израелски предлог за привремен прекин на огнот во енклавата.
Според претставник на движењето, Израел бара враќање на 10 живи заложници во замена за примирје од „најмалку 45 дена“. Планирано е ослободување на вкупно 1.231 палестински затвореник кои ги држи Израел, како и пристап до хуманитарна помош до Газа.
Војната во Газа беше започната на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас на југот на Израел, што предизвика одмаздничка израелска офанзива на палестинската територија.