Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денеска дека Израел во моментов нема намера да дозволи продолжување на протокот на хуманитарна помош кон Појасот Газа.
„Политиката на Израел е јасна и никаква хуманитарна помош нема да влезе во Газа“, рече Кац, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој посочи дека спречувањето на помошта да влезе во Газа е „една од главните алатки“ за притисок врз Хамас, „покрај другите чекори што Израел ги презема“.