Поранешен Формула 1 возач Хуан Пабло Монтоја верува дека Макс Верстапен ќе го напушти Ред Бул во блиска иднина доколку тимот не ја подобри ситуацијата.
Истовремено, Монтоја смета дека поради влошувањето на резултатите, Верстапен веќе потенцијално ќе загуби пари со менување на тимови во однос на актуелниот договор со Ред Бул.
-Да бев на местото на Макс, ќе бев загрижен за ситуацијата. Пред само шест месеци, тој можеше да побара од кој било тим уште повеќе пари, а луѓето ќе се согласеа да платат. Но, со оглед на тоа што се случува во Ред Бул во моментов, Верстапен може да оди кај Тото Волф и да каже нешто како: „Во ред, подготвен сум да земам помалку пари отколку што би барал, но дај ми го твојот болид“. Прашањето е дали ќе сака да го направи тоа?
Мислам дека ова е почеток на крајот на ерата на Верстапен во Ред Бул. Во исто време, во извесна смисла, Макс имаше среќа да го вози најдобриот автомобил. Сепак, оваа година го врати во реалноста. Макс сака да победи, но доколку Ред Бул не биде конкурентен, преговорите ќе бидат сосема поинакви, изјави Монтоја.
Верстапен е шампион во Формула 1 последните четири сезони.
Во тековната Формула 1 кампања, пилотот в Ред Бул е на 3. место со 69 бода зад возачите на Мекларен Ландо Норис со 77 и Оскар Пјастри со 74 бода.