ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во основните судови низ земјава не се пополенти 163 судиски места, а ниту еден судија не се пријавил за претседател на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш

April 17, 2025 13:53
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судијата Бојан Мартиновски е единствен кој се пријавил на огласот на Судскиот совет за избор на претседател на Основниот суд во Охрид, додека на огласот за претседател на Основните судови во Берово, Радовиш и Делчево, ниту еден судија не се кандидирал. Членовите на Судскиот совет на денешната 520 седница едногласно одлучија да биде објавен повторно оглас за избор на претседател на Основните судови во Делчево, Берово и Радовиш. Судијката Весна Дамева член на Судскиот совет образложи дека Комисијата за рангирање на Судскиот совет му предлага повторно да огласи оглас за избор на претседател на Основните судови во Делчево, Берово и Радовиш.

На денешната седница на Судскиот совет се разрешуваа и судии поротници во неколку судови низ државата. Судскиот совет направи и анализа колку судиски места се слободни, односно неполнети низ основните судови во државата. Судијата, Данка Ристова член на Судскиот совет истакна дека анализата покажува дека согласно систематизацијата  мора да има 456 судиски места, а во моментов не се пополнети 163 судиски места.

– Имајќи во предвид дека обврската за утврдување на слободни судиски места во Основните судови е лимитирана со законски рок, Комисијата одлучи да не ги чека резулатати од огласот за прием на нови судии од завршените слушатели од осмата генерација, кои се на број 19. Од расположивите податоци бројот на места по систематизација изнесува 456 места, а моментално се пополнети 294 судиски места од кои еден судија до крајот на 2025 година ќе се пензионира, односно не поднел барање за судиската функција по условите за старосна пензија. Тоа значи дека согласно анализата за потребни судиски места за ажурно и навремено постапување потребни се 163 судии во основните судови. Согласно наведеното Комисијата му предлага, вели Ристова.

Членовите на Судскиот совет побараа Академијата на судии и јавни обвинители да објавуваат огласи за нова генерација на судии и јавни обвинители, или да се направат законски измени.

Во моментов слободни судиски места има во основните судови има и тоа во:  Берово три, Битола 11, Виница два, Велес пет, Гевгелија пет, Гостивар три, Дебар едно, Делчево два, Кавадарци четири, Кичево осум, Кочани три, Кратово два, Крива Паланка два, Куманово 11, Крушево три, Неготино два, Охрид десет, Прилеп 11, Радовиш четири, Ресен еден, Свети Николе еден, Основен кривичен суд Скопје 16, Основен граѓански суд Скопје 16, Струга 12, Струмица осум, Тетово десет, Штип седум слободни судиски места.

Next Post

Отворен инфо центар за туристи во Тетово

НАЈНОВО

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Германија и Шпанија ќе играат во финалето на Лигата на нации за жени

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Алкараз, загуби од Нори на Мастерсот во Париз

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk