ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Приштина денеска започна судењето за терористичкиот напад на Бањска

April 17, 2025 12:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд на Приштина, Специјалното одделение, соопшти дека денеска почна судењето за кривичниот предмет познат како „Бањска“ против тројца осомничени Владимир Толик, Благоје Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, јавуваат косовските медиуми.

Судот упати и меѓународна покана до 42 други обвинети, кои се обвинети со Обвинението на Специјалното обвинителство на Република Косово, за да се обезбеди присуство на овие обвинети во постапката.

Одбраната побара од судијата на рочиштето да не присуствува истражителот Јетон Јетулаху, a  обвинителот во случајот барањето на одбраната на обвинетите го оцени како неоправдано, но судијата Арбен Хоти го одобри предлогот на одбраната Јетулаху да ја ослободи судницата од причина штофазите на кривичната постапка се одвоени.

Во обвинението, Обвинителството наведува 34 досиеја со докази, меѓу кои видео снимки, анализи на електронски уреди, различни одговори од Луксембург, Босна и Херцеговина, банки и различни институции, изјави на сведоци итн.

Специјалното обвинителство на Косово, меѓу другото, ги товари обвинетите во случајот Бањска за терористички акти и дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово.

Обвинителот во случајот, Наим Абази, претходно изјави дека обвинетите имале различни улоги во рамките на криминалната група, „од организирање и насочување на терористички активности, до финансирање и перење пари“.
Во обвинението се наведува дека оваа група преку употреба на насилство со тешко оружје се обидела „да го одвои северниот дел на територијата на Република Косово, поточно општините населени со српско мнозинство и да го припои овој дел од територијата кон Република Србија“.

На 24 септември 2023 година, српска вооружена група ја нападна косовската полиција во Бањска, при што беше убиен наредникот Африм Буњаку. Тројца напаѓачи биле убиени во размената на оган што следела.

Косово смета дека државата Србија е одговорна за организирање и извршување на нападот.

Одговорноста за нападот ја презеде поранешниот заменик-претседател на Српската листа, Милан Радоичиќ.

Тој во моментов се наоѓа во Србија, а против него е распишана меѓународна потерница од Меѓународната полициска организација (ИНТЕРПОЛ).

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: БањскаПриштинасудењетерористички напад
Next Post
Foto: Wikimedia Commons

Додик: Не може да ме уапсат, ме штити полицијата на РС и добро обучени специјалци

НАЈНОВО

Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk