Оскар Пјастри забележа нова победа во Формула 1 караванот, овој пат на Големата награда на Саудиска Арабија. Австралиецот беше за 2,843 секунди побрз од Макс Верстапен, додека на последното место на подиумот се најде Шарл Леклер. Возачот на Ферари беше 8,1 секунда побавен од победникот.
Возачот на Мекларен ја започна трката од втората позиција, но брзо го престигна Верстапен. Ова е трета победа за него оваа година и вкупно петта во кариерата. Пијастри, исто така, сега ја презеде лидерската позиција во шампионатот.
Неговиот тимски колега од Мекларен, Ландо Норис, ја започна трката од 10-тата позиција, но на крајот заврши на четвртото место. Британецот во неколку наврати беше блиску до престигнување на Леклер, но не успеа во тоа.
Дуото на Мерцедес – Џорџ Расел и Кими Антонели, заврши на петтото и шестото место. Луис Хамилтон (Ферари) заврши на седмото место, а топ 10 ги комплетираа Карлос Саинц, Александар Албон и Исак Хадар.
Следната трка ќе се одржи за две недели кога возачите ќе се натпреваруваат за Големата награда на Мајами.