Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил детали за напад на Хутите во Јемен во група за размена на пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, неговиот брат и адвокат, објави „Њујорк Тајмс“.
Како што е наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за нападот кои се објавени минатиот месец во списанието „Атлантик“.
Според неименувани извори на кои се повикува њујоршкиот весник, во таа група станало збор за деталите за временскиот распоред на воздушните напади.
Овие откритија доаѓаат во момент кога еден од највисоките советници на Хегсет, Ден Колдвел, минатата недела беше „испратен“ од Пентагон, откако беше идентификуван за време на истрагата за протекување информации во Министерството за одбрана.