ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над стотина државјани на БиХ чекаат репатријација од Сирија

April 22, 2025 12:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ

Шест години по поразот на терористичката група Исламска држава во Сирија, повеќе од 100 граѓани на Босна и Херцеговина кои директно или преку членови на семејството биле поврзани со исламистички групи, сè уште живеат во оваа земја, а никој не знае кога и како овие лица ќе се вратат во земјата на потекло.

Дури 118 граѓани на БиХ се уште престојуваат во бегалските кампови во Сирија. Според податоците на Министерството за безбедност на БиХ, кои денеска ги објави бањалуќкиот весник „Независне новине“, 52 од нив се полнолетни, односно 22 мажи и 30 жени, заедно со 66 малолетници, односно нивните деца.

Тие се сместени во бегалските кампови Ал Хол и Рој или во одделни притворски единици во северна Сирија.

Според проценките на Обединетите нации, по падот на Исламска држава во Сирија и Ирак, во нив се најдоа затечени повеќе од 8.500 странци од најмалку 60 различни земји.

Обединетите нации ги повикаа овие земји да ја олеснат репатријацијата на своите граѓани, па Босна и Херцеговина ја презеде оваа обврска, но последната група на такви лица беше преземена во декември 2019 година, кога од Сирија се вратија 25 лица, и тоа седум мажи, шест жени и 12 деца.

Сите мажи кои се вратија беа предадени на Обвинителството на БиХ под сомнение дека се бореле во редовите на исламистички терористички групи.

Според базата на податоци создадена од Балканската истражувачка мрежа (БИРН), судовите во Босна и Херцеговина досега осудија вкупно 34 лица за тероризам поврзан со Сирија, а казните се движеа од четири до осум години затвор.

Министерството за безбедност на БиХ не знае кога во земјата ќе се вратат нејзините државјани кои се уште се во Сирија и посочуваат дека процедурата за репатријација е комплицирана и бара учество и на домашни и на меѓународни институции и организации.

„Советот на министри на БиХ ги усвои планот за репатријација и програмата за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на граѓаните на БиХ кои се враќаат од конфликтните зони во Сирија и Ирак, со цел да се обезбедат неопходните услови за безбедно, хумано и контролирано враќање на граѓаните на БиХ… Засега немаме сигурни информации за тоа кога ќе се случи тоа“, се наведува во соопштението на Министерството за безбедност на БиХ.

Tags: БиХрепатријацијаСирија
Next Post

Следните денови променливо облачно и нестабилно време

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk