ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Утре почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“ во Тирана, објавен видео спот на албанското министерство

April 22, 2025 11:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Утре во Тирана почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, која за првпат се одржува во албанскиот главен град, чија цел е промоција на македонската култура, туризам и економија и ќе трае до 30 април.

По тој повод албанското министерство за економија, култура и иновации објави спот со текст во кој наведува дека „Северна Македонија, е земја со богато културно наследство кое одразува различни историски влијанија“.

-Македонската култура е спој на традиционални, ориентални и западни елементи, што се рефлектира во уметноста, музиката и фолклорните фестивали. Визуелната уметност ја зачувува византиската иконографија и средновековните црковни мозаици, додека современите уметници носат модерни креации во сликарството, скулптурата и графиката. Традиционалната музика вклучува карактеристични инструменти како тамбура, гајда и зурла, додека модерната сцена произвела познати имиња како Тоше Проески, стои во објавата.

Се додава дека театарот и киното се занимаваат со општествени и историски теми, одразувајќи го современиот живот и колективната меморија.

-Традиционалните фестивали се израз на силна поврзаност со историјата, верата и природата. Северна Македонија во ова издание е претставена како место каде културното наследство се испреплетува со модерното творештво – мозаик на идентитети што го отсликува духот на регионот, се нагласува во истата.

Инаку, свеченото отворање ќе биде во концертна сала во една од најубавите цркви на Балканот „Христовото воскресение“ во Тирана утревечер во 20 часот, на кое е најавено обраќање на македонскиот министер за култура, Зоран Љутков и неговиот албански колега, Бленди Гонџја. Потоа следува концерт „Поглед кон иднината“ во изведба на познатата македонска пијанистка Емилија Попивода и реномираната албанска диџејка Реа Лемнуша, позната по својата долга кариера низ Европа и како музичар и како новинар за настани од културата, по што ќе има прием и коктел.

Во петок, на 25 април, во македонски културен центар-Нобис во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со традиционални македонски носии, и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства.

Третиот ден од манифестацијата, 26 април, во 16 часот, ќе има промоција на македонски вина&вински туризам, во познатата „Пирамида“, каде 12 познати македонски винарии ќе ги изложат своите вина, како и можностите за вински туризам.

Дополнително настанот ќе биде збогатен со културен настан-со припадници на македонското малцинство од Корча, поточно деца од Корча, кои облечени во традиционални македонски носии, ќе изведат македонско оро.

На 30 април во Артурбина -Тирана со почеток во 19 часот, ќе биде прикажана театарска претстава „8%?“, која е моќна приказна за дискриминацијата заснована на вистински сведоштва на поединци од различно етничко потекло од Западен Балкан. Изведбата ќе биде на македонски јазик, а на екран ќе бидат прикажани албански преводи.

Оваа значајна манифестација е во организација на македонскиот Културно-информативен центар и амбасадата во Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското министерство за економија, култура и иновации и општина Тирана. За реализација на овој значаен културен настан ќе бидат потрошени 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.

Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот „Народни херои“ ќе биде обоен во црвено жолта боја, со илјадниците македонски знамиња.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ОЈО ГОКК за утре најави брифинг за случајот со даночно затајување и перење пари, освен Крмзов обезбедени уште две лица

June 9, 2025

Полицијата уапси околу 60 демонстранти во Сан Франциско

June 9, 2025

 Крстеска: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk