ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турција забрани планиран царски рез во приватните клиники

April 23, 2025 10:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Турција забрани планирани породувања со царски рез, кои не се медицински оправдани, во приватните здравствени установи според новите правила што Министерството за здравство ги објави минатата недела, пишува Turkish Minute.

Оваа одлука, која предизвика остри критики од опозициските политичари и организациите за заштита на човекови права, следеше по жестока национална дебата за практиките на породување. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган веќе долго време го промовира она што го нарекува „природно породување“ и ги критикува високите стапки на царски рез во земјата.

– Планирани царски резови не можат да се изведуваат во медицински центри, стои во објавата од 19 април во Службениот весник на Турција.

Турција има највисока стапка на породувања со царски рез меѓу 38-те членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), според последните достапни податоци од 2021 година. Според World Population Review, таа година во Турција биле извршени 584 царски резови на илјада живородени деца.

Оваа тема дополнително привлече внимание минатиот викенд кога играчите на Сиваспор излегоа на терен пред натпреварот од Супер лигата против Фенербахче носејќи транспарент на Министерството за здравство кој промовира вагинално породување. На транспарентот пишуваше: „Природното породување е природно“.

Кампањата предизвика гнев кај опозициските пратеници, здравствените работници и застапниците за правата на жените. „Како земјата да нема други проблеми, машки фудбалери им кажуваат на жените како да раѓаат“, напиша Гокче Гокчен, потпретседателка на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), на X.

– Не се мешајте во женски прашања со вашето незнаење. Рацете подалеку од женските тела, додаде таа.

Во јануари, Ердоган ја прогласи 2025 година за „Година на семејството“ наведувајќи го падот на наталитетот во Турција, кој во 2023 година достигна рекордно ниско ниво од 1.51. Тој често ги повикуваше жените да имаат најмалку три деца.

Ердоган во саботата го бранеше учеството на фудбалскиот клуб во кампањата на Министерството за здравство.

– Еден од нашите фудбалски клубови излезе на терен со транспарент во знак на поддршка на кампањата на Министерството за здравство, рече тој и додаде: „На транспарентот немаше навреди, критики ниту непочитување кон никого, ништо што би ги навредило жените. Зошто ви пречи што нашето Министерство поттикнува нормално породување?“

– Немаме време за такви глупости во момент кога нè загрижуваат стапките на наталитет и растот на населението, рече Ердоган и додаде дека „падот на бројот на жители во Турција е многу посериозна закана од војна“.

Tags: забраниприватните клиникиТурцијацарски рез
Next Post

Во Кина 86 отсто од германските компании се погодени од ескалацијата на трговската војна

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk