Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од 23 километри, соопшти EMСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од крајбрежниот град Есмералдас.