Уште една експлозија го погоди Иран, само неколку дена по смртоносната експлозија во јужното пристаниште во која загинаа десетици лица, пренесе ДПА.
Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во експлозија што денеска се случи во магацин во индустриска зона во близина на градот Исфахан, јави државната новинска агенција ИРНА.
Причината за експлозијата се уште е нејасна. Објектот му припаѓа на производител на огномет кој, според сопствените изјави, во минатото произведувал предмети за воена употреба. Познато е дека во областа се наоѓаат делови од иранската индустрија за оружје.
Во експлозијата во саботата во пристаништето Шахид Раџаи загинаа најмалку 70 лица, а повеќе од 1.000 беа повредени. Иако властите првично ја припишаа таа експлозија на несоодветни безбедносни мерки, експертите и корисниците на социјалните медиуми иницираа можност за саботажа.