Британскиот возач на Мекларен Ландо Норис ги сподели своите размислувања за самокритичноста.
– Понекогаш имам изговори, но не се гордеам со тоа – 95% од случаите знам дека можев подобро, без разлика на сите околности. Точно дека болидот не е совршен, но сепак се наоѓам себеси како размислувам: „Можев да го направам ова или она подобро“. Отсекогаш сум бил строг кон себе, но не и со другите – никогаш не сум имал никакви критики за тимот, механичарите или поставките за болидот. Се фокусирав на само-подобрување наместо да ги обвинувам другите. Овој пристап ме обликуваше како личност.
Овој начин на размислување има и добри и лоши страни. Од една страна, тоа ми помогна подобро да се разберам себеси, да ги анализирам моите грешки и да напредувам. Од друга страна, понекогаш сум премногу тврд со себе и се заглавувам во негативни мисли, изјави Норис за веб-страница на Формула 1.
По пет трки, Норис е втор во шампионатот со 89 бодови, зад тимскиот колега Оскар Пјастри, кој има 99 бодови.