ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новите ЕУ-регулативи неповолни за сопствениците на дизел-автомобили

April 29, 2025 09:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија најави регулативи што ќе значат преголем товар, па повлекување на автомобилите постари од 10 години. Измените, меѓу другото, се однесуваат и на тн. филтри за дизел-честички (ДПФ-филтри).

Имено, Брисел, со веќе предложените измени, во своите земји-членки, наводно, цели кон намалување на бројот на несреќи. Од друга страна пак, според мнозина познавачи, овој потег ќе доведе милиони сопственици на дизел-автомобили во опасност да бидат „пред отпис“, пишува порталот „Кликс“.

Најновите мерки на ЕУ директно целат кон дизел-возилата од пред 10 години и повеќе, коишто по сѐ, изгледа ќе мора да се отстранат од патиштата. Во некои земји од ЕУ, сите возила постари од 10 години сега задолжително одат на годишен технички преглед, а службените лица ја евидентираат и километражата на проверените возила. Ова не важи за Германија, на пр., каде што технички преглед се прави на секои две години.

Извори од Германија го опишуваат новиот европски предлог како непропорционален и скап, особено за постарите, но добро одржувани возила. Така што, „Брисел сака да го намали бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи на погрешен начин“, се наведува.

Новата регулатива е насочена, имено, кон автомобили коишто немаат ДПФ, особено оние возила каде што тие се физички отстранети.

Повеќето современи филтри за честички се регенерираат сами при возењето или – по долго патување, додека автомобилот работи во мирување. Сепак, градското возење е лошо за современите дизел-возила со „Eурo 5“ и Eурo 6“ стандарди и не помага во тоа обновување, а знаци на абење и дефект почнуваат да се забележуваат меѓу 150.000 и 200.000 километри.

Замената на ДПФ-филтер, во тој случај е многу скапа (некаде и скоро до 2.500 евра), а неисплатлива, па сопствениците сами си го чистат филтерот. Според ЕУ-прописите, тоа отсега ќе биде забрането.

Затоа, автомобилите без проверен филтер се вон контрола на ЕУ, и тоа е она на што се сака да се стави крај. Но, доколку мерката, ваква каква што е, се усвои, според познавачите – сопствениците на дизел-автомобили ќе бидат принудени да инсталираат неисплатливи филтри – или целосно да ги отстранат своите возила. Така, спорред наводите, милиони дизел-автомобили – со или без ДПФ, на крајот ќе завршат во Источна Европа и на Балканот.

Next Post
Скриншот

Кенет Брана: Том Круз е потценет глумец

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk