ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

April 30, 2025 17:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on premise deployment“. Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката, пренесува Мета.мк​.

Со огласот (бр. 03756/2025), објавен на 5 март 2025 година, Владата бараше компанија што ќе изработи сеопфатен софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите – електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи – и ќе ги оценува содржините како позитивни, негативни или неутрални. Дополнително, се бараше и дневен извештај до 9 часот следниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.

Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.

Поништувањето на постапката значи дека Владата, засега, нема да располага со ваков систем. Овој владин план уште при неговото појавување во јавноста беше оценет како потенцијално опасен за медиумските слободи, особено поради најавеното прибирање на податоци за име на автори, медиуми и содржини што ќе бидат предмет на анализа и оцена на наклонетоста.

Next Post

Сончево и топло до 28 степени

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk