Во Кино салата во Валандово, изработен е мурал со ликови на истакнати валандовчани во областа на уметноста, објави градоначалникот на Валандово Перо Костадинов.
Градоначалникот посочи дека автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев – Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ.
„Целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да оддаде признание на личностите кои оставија траен белег врз културниот развој на локалната заедница и пошироко“, вели Костадинов.