ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Масакрот, изгладнувањето, егзодусот и геноцидот во Газа мора да престанат!

May 4, 2025 15:53
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ бара итно запирање на израелските напади врз цивилите, жените, децата и да се спречи хуманитарната катастрофа и егзодусот во Газа. Итно мора да запре целосната израелска блокада, поради тоа што Газа е на работ на глад. Мора веднаш да запре овој геноцид кој се одвива пред очите на светот. Како и досега, ЦИВИЛ ќе продолжи гласно да зборува за правата на живот на Палестинците кои дадоа огромен број цивилни жртви, меѓу кои најголем дел се жени и деца.

Во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година, загинаа над 61.000 Палестинци, од кои над 17.000 се деца, а ранети се 117.905 лица, според палестинските власти.

ЦИВИЛ со крајна загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток, по нападот на терористичката организација Хамас во Израел и војната што изби на 7 октомври 2023 година. На овој терористички акт, Израел одговори со секојдневни жестоки бомбардирања врз Појасот Газа и брутални рации во Западниот Брег, со ужасни жртви меѓу цивилите.

ЦИВИЛ го повторува повикот за итен прекин на огнот и целосно и непречено отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа.

ЦИВИЛ упати остра и недвосмислена осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа повеќе од 245 луѓе, меѓу кои и странски државјани. Хамас е одговорен за воени злосторства и киднапирање, со што целосно се разобличи секакво тврдење дека се бори за правда и човекови права, туку дека е брутална терористичка организација и ништо повеќе.

ЦИВИЛ продолжува со осудата и протестот до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на повеќе од еден милион луѓе под закана со жесток оган, и повикува на олеснување и помош во снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

Тврдењата на израелската влада дека води војна против терористичката организација Хамас, не се во согласност со бомбардирањата на недолжните цивили, од кои највеќе страдаат децата, жените, лицата со физичка попреченост и повозрасните, што претставува воено злосторство, а многу елементи упатуваат и на геноцид. Тоа е неприфатлива политика и заслужува крајна осуда.

ЦИВИЛ го повторува, и ќе продолжи да повикува на мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна. Масакрот мора да престане и да му отстапи место на дијалогот!

Преземено: ЦИВИЛ

Next Post

Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk