ЦИВИЛ ексклузивно го објави преводот на македонски од клучниот дел од публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“. Преводот ќе биде објавен во 11 продолженија, почнувајќи од воведот што го потпишаа д-р Волфганг Ресман, Хедер Роберсон Гастон, Роџер Касале и Џабир Дерала во името на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана во декември 2024 година.
Авторитарните владетели и крајно десничарските екстремистички движења сé повеќе се организираат на глобално ниво, споделувајќи тактики и ресурси преку националните граници. Овие ресурси вклучуваат широка мрежа на комуникациски и медиумски платформи, особено социјалните медиуми, преку кои шират дезинформации, лажни вести, лажни наративи и содржини која предизвикува поделби и омраза.Оваа пропаганда која брзо се шири сее страв, ја поткопува довербата во институциите, демократското владеење, па дури и науката, додека нуди измамнички ветувања за брзи и лесни решенија. Овој алармантен тренд беше катализатор за иницијативата која доведе до меѓународната конференцеија „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“. Во овој дух, повеќе од 80 учесници – вклучувајќи и 30 главни говорници и панелисти, меѓу кои и лидери за човекови права, меѓународни експерти и медиумски претставници – се собраа во Скопје, Северна Македонија, на 11-12 декември 2024 година, за да се вклучат во критички дискусии за најитните прашања на нашето време.
Конференцијата беше свикана од партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог, Младите за медиумите (Германија) и Нов европски граѓански форум (меѓународна организација). Иницијативата доби финансиска поддршка од владата на Северна Рајна-Вестфалија (СРВ) како и непаричен придонес од министерството за надворешни работи на Литванија. Учесниците дојдоа од Белорусија, Босна и Херцеговина, Германија, Ирска, Косово, Литванија, Северна Македонија, Полска, Србија, Украина, Обединетото Кралство и САД. Настанот беше дел од Неделата на човекови права на СРВ, која содржи различни формати на оваа критична тема. Исто така, го одбележа и Меѓународниот ден на човековите права и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Во време на растечки глобален екстремизам и авторитаризам, борбата за човекови права и демократија мора, исто така, да биде глобална. Политичките и општествените актери, институциите и иницијативите со демократски и умерени ориентации мора итно да најдат начини да се зајакнат, заштитат и издигнат еден со друг. Тие мора да споделуваат искуства, ресурси и најдобри практики, истовремено осигурувајќи дека овие напори ќе стигнат до пошироката публика и носителите на одлуки преку медиумите, правни дејствија и граѓански активизам.
Конференцијата ги пренесе своите порака моќно и ефикасно ги пренесе клучните сознанија, поттикнувајќи длабински дискусии кои доведоа до конкретни препораки. Овие препораки беа развиени преку интензивен тримесечен процес, кој вклучуваше преписки и онлајн состаноци меѓу партнерите, како и консултации со експерти.
Конференциската програма вклучуваше работилници зад затворени врати во четири работни групи, состаноци за вмрежување и прес конференција на 11 декември, проследено со осумчасовна конференција со четири панели на 12 декември, што се пренесуваше во живо на англиски, македонски и албански јазик.
Состаноците за евалуација со партнерите и експерти на 13 декември, заедно со последователните состаноци и корепоснденција во месеците што следеа, дополнително ги подобрија овие препораки.
Овој извештај ги претставува клучните резултати на конференцијата – препораки за политики за дејствување што служат како основа за одржливо, стратешко дејствување за поддршка и одбрана на демократијата и човековите права на глобално ниво.
Како што беше договорено од партнерските организации на 13 декември 2024 година и одобрено од учесниците на конфернцијата, оваа работа продолжува во рамките на Иницијативата за одбрана на демократијата. Основачките членови на иницијативата се обврзаа на редовно ажурирање на постоечките препораки и воведување на нови врз основа на регионалните и глобалните настани. Ќе се потпира на релевантни мониторинг активности, извештаи и анализи од истакнати експерти и лидери во области клучни за нејзината работа.
Покрај препораки, овој извештај вклучува уредени презентации од главните говорници и панелисти, врз основа на целосни транскрипти, како и поглавје за активности, линкови и ресурси.
Одборот на основачи на Иницијативата и уредниците на овој извештај силно веруваат дека овој документ задоволува глобална потреба за одбрана на демократијата и човековите права. Тие предвидуваат да се развие во глобална платформа за комуникација, меѓусебна поддршка и координирана акција. Меѓутоа, неговото влијание зависи од широката дисеминација и непоколебливото застапување. Препораките во оваа публикација не смеат да останат на хартија – тие повикуваат на итна имплементација, колективен ангажман и постојани напори за спротивставување на авторитаризмот и заштита на демократските вредности. Ги покануваме сите засегнати страни – активисти, креатори на политики, медиуми и граѓанското општество – да ги застапуваат овие препораки и да ги претворат истите во конкретна акција.
Тоа што е во прашање не е ништо помалку од иднината на демократското управување и човековите права на глобално ниво. Како што авторитаризмот, екстремизмот и милитантниот, потстрекнувач на војни империјализам продолжуваат да ја загрозуваат демократијата, потребата за координирана, постојана и инклузивна акција од парламентите, владите, граѓанското општество, академијата и медиумите никогаш не била поитна.
Овие препрораки обезбедуваат клучен патоказ за сите кои веруваат во моќта на вистината, правдата и демократијата.
Времето да се дејствува е сега, а колективните напори на поединците, организациите и институциите се од суштинско значење за да се осигура дека демократските вредности ќе преовладуваат.
(продолжува)
Извор: Цивил Медиа