Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на „значително поголем притисок“ врз Москва по смртоносните руски напади врз Кијив во текот на ноќта, во кои загинаа најмалку две лица, јавија француските медиуми.
Рускиот напад се случи непосредно пред тридневниот прекин на огнот, еднострано договорен од Кремљ, кој требаше да стапи на сила вечерва во 21 часот по локално време.
„Само значително поголем притисок врз Русија и построги санкции можат да го отворат патот за дипломатија“, напиша Зеленски денес на социјалните мрежи.
Руската армија вчера уби и четворица жители на регионот Донецк, а повреди 10.
Регионалниот гувернер, Вадим Филашкин, на Фејсбук прецизираше дека загинатите се жители на Краматорск, Полтава, Јаблоневка и Софиевка.