На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина.
Сообраќајот во моментов е во прекин на тој дел од железничката пруга, се наведува во соопштението од „Србија карго“.
Излетувањето од шините на вагоните-цистерни на компанијата „Еликсир“ се случило во 1:45 часот по полноќ.
Товарниот воз имал 12 вагони-цистерни и патувал од Прахово до Шабац.
Во тек е утврдување на причината за таа несреќа од страна на надлежни органи, се вели во соопштението.