Најмалку 13 цивили беа убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади врз индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денеска индиската Влада за новиот биланс на жртви од конфликтот.
Повеќето цивили загинаа во село на северозапад, по должината на „Линијата на контрола“ што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.
Според најновите податоци, на пакистанска страна загинале најмалку 31 лице.
Пакистан започна артилериски напади на индиска територија како одговор на нападите на индиските сили кои претходно ја нападнаа пакистанската територија како одмазда за смртоносниот напад од 22 април, пренесе МИА.