ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог-закон на СДСМ за помош на семејствата на жртвите од Кочани, Филипче повика да се поддржи

May 8, 2025 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
VDzambaski / Flickr

VDzambaski / Flickr

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата.

-Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. Има финансиска надокнада за семејствата коишто изгубија членови,  има финансиска надокнада за сите тие кои имаат трошоци за лекување, има некои поволности за децата кои сега губат настава во училиштата, нешто од аспект на социјалата, така што мислам дека е добро и квалитетно решение. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура со цел да има простор да се вклучат повеќе чинители, да дадат коментари. Во еден дел се осврнуваме и на семејствата од претходните трагедии – Ласкарци, Тетово, „Беса-транс“, изјави Филипче по отворањето нова градинка во населба Пролет во општина Центар.

Очекува поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ иако, рече, имало коментар од владејачката партија дека нема да го поддржат нивниот предлог кога тие го најавиле.

– Предлог-законот нема за цел да ја политизира трагедијата. Ги повикувам заедно да го донесеме законот. Не сметам дека првичната изјава дека нема да го поддржат е во насока на политичка конфронтација. Искрено верувам дека не е тоа апсолутно знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата. Во смисла на неполитизирање на оваа трагедија во Кочани, јавно ги повикувам да седнеме и разгледаме законот и да го поддржиме заедно, спремни сме и да се модифицира. Да им покажеме на граѓаните, на семејствата, дека  таква криза треба да не обедини и дека треба да работиме заедно да го унапредиме системот за такви трагедии повеќе да не се повторуваат, истакна Филипче.

Next Post

Сибиха: Руското прогласување прекин на огнот е очекувана фарса

Shortcut

Најново

Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk