ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

May 8, 2025 17:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието на Република Северна Македонија, поднесе предлог-Закон за поддршка на настраданите во  пожарот во дискотеката во Кочани, како и за членовите на нивните семејства.  Предлогот е поднесен по скратена постапка.

„Сметаме дека после настанот што се случи на 16-ти март оваа година во дискотеката во Кочани, државата има обврска да има институционален одговор, за којшто постојано укажуваме. Мора да имаме и брз институционален одговор којшто пред сè ќе даде поддршка на семејствата на жртвите и на оние лица коишто настрадаа во пожарот во Кочани“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на загинатите, како и низа мерки од сферата на социјалата, здравството и работните односи за сите настрадани.

„Овој чин нема да ги залечи болките, но е сигнал дека државата стои зад своите граѓани. Очекуваме поддршка од сите пратеници и политички партии – да испратиме порака на единство, солидарност и одговорност“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека институционалниот одговор ќе значи темелна промена на многу законски решенија, коишто ќе придонесат за поинакво функционирање на целиот овој систем.

Пратеничката група на СДСМ како одговорна и како совесна партија, понуди решение и секогаш ќе нуди решенија коишто ќе бидат од интерес на државата и на граѓаните.

„Очекувам, и ги повикувам сите политички партии, сите пратеници во законодавниот дом да се обединиме околу ова законско решение да ја испратиме таа порака на единство и на солидарност и заеднички да го изгласаме законско решение коешто ќе биде за поддршка на семејствата на повредените од несреќата во Кочани“, порача Спасовски.

 

Next Post

Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

НАЈНОВО

Гаши ги распиша локалните избори за четири општини: Гласање на 11 јануари

November 17, 2025

Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

November 17, 2025
Скриншот

Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk