ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025 12:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето против Васил Јованов, за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Речиси еден час подоцна започна судењето поради доцнење на спроводот на обвинетитот од притворот во Шутка.

Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов,  тоа го сторил со умисла и дека за сѐ имаат докази.

„Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии“, рече обвинителот

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова,  побара најстрога казна за Васил Јованов.

„Јас сум човек со откорната душа, јас сум гласот на Фросина.  Зборувам за неа, затоа што таа не може да зборува. Не се обидел ни да запре, не помислил дека ја удрил мојата Фросинче. Ја скршила шофершајбната, се качила на кровот и го извиткала семафорот од спротивна страна. Брзината била бесконечно поголема. Ниту еден орган не ѝ беше поштеден – мозочното ткиво, срцето распукано, градниот кош отворен. Мојата Фросина остана таму без иднина“, рече таа.

„Кој збор од Законот може да го опише ова, болката која ја чувствувам секој миг. Ова не е судење за сообраќајка ова е судење за грабеж на живот, за грабеж на иднина, за убиство. Барам највисока казна, не за одмазда, туку за ниедно дете да не ја доживее нашата судбина. Покажете дека правдата има душа и дека злосторството нема да помине. Ќе ми ја вратите вербата дека нејзината смрт не била залудна, за животот, за човечноста“, низ солзи зборуваше мајката на жртвата.

Според таткото на Фросина, Тодор Кулаков, еднакво виновни се и двајцата родители на возачот бидејќи му дале автомобил.

„Сите коски и беа скршени, срцето пукнато, градниот кош отворен. Тоа не беше прегазување, туку маскар. Зошто во последен момент свртел лево, а не продолжил право, дали имало некаква збеснатост дека никој ништо не му може. Ова е судење за цел еден систем на неказнивост.

Длабоката коруптивност не доведе во оваа ситуација“, рече Кулаков.

Обвинетиот Васил Јованов пак ја призна својата вина.

„Да, судија, виновен сум“, рече Јованов и им се извини на родителите на Фросина Кулакова.

„Почитуван суд. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што сум го сторил не сум можел да замислам дека ќе се случи“, рече Јованов.

Бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски, пред судот побара да се оттргне, како што рече, една голема невистини за сега обвинетиот Васил, дека е наркоман, нагласувајќи дека тој е спортист.

„Васил е спортист и за тоа доставувам потврда за членство во бокс клуб, освоени медали и благодарници. Доставувам и потврда од ракометната федерација дека Васил е лиценциран играч за РК Пролет 62 за сезона 2021-22 година“, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, нагласи дека не го спорат присуството на алкохол во крвта, но дека во вештачењата нема никакво присуство на дрога.

Случајот го води судијката Снежана Марковска.

Судијкат  на почетокот на денешното рочиште информираше дека поради неуредна покана шест сведоци не се присутни.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 4.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. 

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: судењеФросина Кулакова

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk