Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина утре ќе биде домаќин на средбата на лидерите на Коалицијата на подготвените.
– Нам ни е потребна оваа коалиција и таа мора да биде доволно силна за да ја гарантира безбедноста во согласност со нашата заедничка визија, посочи Зеленски.
Во Коалицијата на подготвените поголемиот број се европски држави, но учествуваат и Канада и Австралија.