Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија денеска потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден речиси 142 милијарди долари, врз основа на кој Ријад ќе добие најсовремена опрема и услуги од американски компании, соопшти Белата куќа.
Договорот, потпишан за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад, е дел од ветените саудиски инвестиции во САД во вредност од 600 милијарди долари, се додава во соопштението.
Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман претходно денеска во Ријад потпишаа договор за стратешко економско партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија.
Партнерството вклучува договори за областа на енергетиката, рударството и одбраната.
Договорите потпишани во Ријад вклучуваат и извоз на гасни турбини и други енергетски системи во вредност од 14,2 милијарди долари, како и продажба на патнички авион Боинг 737-8 вреден 4,8 милијарди долари.