Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со Карен Пирс, специјален пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, при што и упатил честитки за нејзиното назначување на функцијата, посакувајќи и успешен мандат и „одржување конзистентни односи со државните институции во земјата преку конструктивен дијалог“.
-Тој истакна дека очекува искреното пријателство и соработка што постои меѓу двете земји, во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Република Северна Македонија и Обединетото Кралство негуваат повеќедецениски одлични билатерални односи, во политички и економски контекст. Потенцираше дека остануваме посветени да го негуваме долгогодишното партнерство РСМ-ОК рефлектирано преку силни и храбри односи. Особена благодарност тој упати за посветеноста на Обединетото Кралство за унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашата земја и Регионот и ја поздрави одлуката еден од приоритетите на надворешната политика на Обединетото Кралство да остане посветена на просперитетот на Западниот Балкан, се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.
Карен Пирс истакнала дека трговските односи меѓу двете држави се одлични и оти „постојат голем број британски инвестиции во земјата што влијае позитивно на севкупните економски односи“. Посочила дека Обединетото Кралство претседава со Берлинскиот процес и „продолжува да ги поддржува напорите за европска интеграција на Северна Македонија и на другите земји од Регионот“.
-Двајцата соговорници се согласија дека е многу важно да продолжи парламентарната соработка и двата парламента да одржуваат редовна комуникација меѓу пратеничките групи, со што ја зајакнуваат целокупната парламентарната дипломатија, информира Собранието.