ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалникот Крстевски: Директори на кочански училишта вештачки ги пумпале фиксните трошоци

May 14, 2025 11:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Директори на кочански училишта вештачки ги пумпале фиксните трошоци, информира в. д. градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски.

Информацијата од в. д. градоначалникот Венко Крстевски по прес-конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Го разбирам стравот на директорите на училиштата, коишто не ги плаќале сметките кон КЈП „Водовод“. Тој е оправдан.

Како работеле тие, ќе ви покажам со факти и документи, коишто партиски претставник нема да ги прикаже, а кои ја соголуваат злоупотребата на партиската моќ.

Ќе објаснам да може секој да ме разбере.

Со одлука со критериум за распределување на блок-дотации на основните и на средните училишта се дефинирани фиксните и варијабилните трошоци на училиштата.

Во документот со бр. 05-1651/1 од 11.11.2024 година се прикажани фиксните трошоци коишто треба да бидат доволни за покривање на обврските, при што не треба да се дозволи да се натрупуваат долгови.

Одредени директори вршеле злоупотреба на критериумот за распределба со тоа што вештачки ги пумпале фиксните трошоци. Подоцна во предлог-буџетот, износот на овие фиксни трошоци го распределувале за нефункционални цели и училиштата ги трупале со долгови.

Намената на критериумот е средствата да бидат распределени според површината на училиштето и според бројот на учениците и – да не дојде до заостанување на исплатата на обврските.

Одредени директори со партиска моќ, иако предупредени, што е видливо и од Записникот со бр. 08-1427/2 од 17.9.2024 година, дека фиксните трошоци од претходната проекција се разликуваат од доставените финансиски планови до Советот на Општина Кочани – по нив не постапиле.

Конкретно за ОУ „Никола Карев“: во истиот записник е констатирано дека е направена разлика од 1.760.000 денари! Наместо овие средства да бидат искористени за плаќање обврски кон КЈП „Водовод“, тие биле непродуктивно потрошени, на штета на сите други основни училишта. Ова е пример само за една година, а истото се случувало повеќе години наназад. Во 2021 година трошоците кон КЈП „Водовод“ со помош на Владата беа сведени на нула, а тие оттогаш па наваму успеале да ги зголемат само на 10,5 милиони денари.

Една од забелешките на пресот се однесува на користењето на геотермалната вода и нејзината топлина.

Топло препорачувам да си го проверат топлоизменувачот и да си го санираат проблемот.  Ако биле незадоволни од услугата требало навреме да се откажат од неа, а не да штрајкуваат кога доаѓа време за плаќање“, соопштуваат од Општина Кочани.

Крстевски за денеска ги покани директорите, како што рече, „да дојдат на состанок, да ги расчистиме дилемите“.

Tags: Венко КрстевскиКочани
Next Post

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари...

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk