ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Предлог законот за Судскиот совет објавен на ЕНЕР, треба да биде донесен до јуни годинава

May 14, 2025 11:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог Закон за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК е завршен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), информира Министерството за правда.

Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет.

Од МП, нагласуваат дека со оглед на обемноста на законските измени, речиси 2/3, се преминало кон изработка на целосно ново законско решение и дека Предлог Законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија, а клучни новини кои ги предлага работната група се:

– Уредување на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет. Се предвидува јавност во постапката и таа не смее да биде исклучена во ниеден случај. Постапката за разрешување од функцијата претседател или заменик претседател се поведува од најмалку четири члена, а одлуката за разрешување се носи со најмалку 8 гласа. Против одлуката за разрешување на претседателот, односно заменик претседателот дозволено е право на тужба до Управниот суд.

-Прецизирање на условите кои треба да ги исполнат кандидатите за член на Судскиот совет кои ги избира Собранието на јавен оглас или на предлог од претседателот, особено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“ и потребните квалификации кои треба да ги поседуваат кандидатите. Притоа како ,,Истакнат правник,, се подразбира дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит или универзитетски професор по право со најмалку седум години работно искуство во наставно-научно звање, да се истакнал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, како и да ужива углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет за што приложува најмалку три препораки од универзитетски професори по право, адвокати, поранешни или сегашни судии на Уставниот суд или на меѓународни судови, или лица/е а со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит од кои две од лица кои припаѓаат на истата правна професија”.

-Зајакнување на принципите на јавност и транспарентност на постапката за избор на не-судски членови преку воспоставување на можност за јавна расправа на која кандидатите за член ќе може да се претстават и ќе може да им се поставуваат прашања за нивното професионално искуство и стручност;

– Зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и појасно уредување на постапката за утврдување одговорност на член на Судски совет вклучувајќи и негово разрешување како и воспоставување обврска на Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите;

-Како и други измени со кои се адресираат препораките од Оценската мисија и со кои се унапредува правната рамка.

Министерството за правда претходно организираше повеќе јавни дебати за консултирање на стручната јавност со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес.

Next Post

Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

НАЈНОВО

Утре почнува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

November 18, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ОЈО Скопје поднесе обвинение против 23-годишник за полови дејствија со дете

November 18, 2025

Јокиќ со уште еден трипл-дабл, Денвер поразен од Чикаго

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk