ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025 16:23
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во Долниот дом на Парламентот во Лондон во вторник се одржа настан на високо ниво за лансирање на Вестминистерскиот сојуз за Украина — смела иницијатива насочена кон зајакнување на суверенитетот на Украина и унапредување на демократското единство како одговор на руската агресија, кој означува клучен момент за европската солдарност и стратешка соработка.

Овој значаен собир под наслов „Кон ефективна европска одбранбена стратегија за Украина: Претворање на Коалицијата на подготвените во реалност“, со ексклузивна медиумска поддршка од ЦИВИЛ, вклучи моќен состав од европски носители на одлуки, дипломати, новинари и лидери на граѓанското општество.

Програмата се фокусира на четири итни стратешки приоритети:

  • Формирање на Европска банка за одбрана и интегрирани системи за набавка
  • Стратегии за спротивставување на дезинформациите и хибридното војување
  • Зајакнување на демократската отпорност низ целиот континент
  • Градење на европски мировни сили и суверена одбранбена способност

Одржана под чадорот на Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, Вестминистерскиот сојуз за Украина има за цел да поттикне прекугранична соработка, да ја засили поддршката за Украина и да обликува координирани демократски одговори на безбедносните закани низ Европа.

Настанот собра истакната група на учесници од политиката, граѓанското општество и медиумите. Меѓу клучните учесници се истакнати европски личности од политиката, граѓанското општество и медиумите.

Модератор на оваа средба на високо ниво беше Роџер Касале, поранешен пратеник во парламентот на Обединетото Кралство и основач на „Нови Европејци“ и координатор на иницијативата. Нему му се придружи Алекс Собел, пратеник и специјален пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Украина, кој, исто така, претседава со сепартиската парламентарна група за Украина. Лорд Џејмс Арбутнот, поранешен министер за одбрана на Обединетото Кралство и сегашен виш соработник во РУСИ, донесе витална перспектива за европската одбранбена стратегија. Од Франција учествуваше Жан-Ив Леконт, поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство, придонесува со длабоко искуство во дипломатијата на дијаспората и европската соработка.

Граѓанското општество и медиумите беа претставени од страна на Др. Волфганг Ресман, претседател на „Youth4Media“ и „Media Dialogue“ и Мика Бојстер, Претседател на Германското здружение на новинари. Италија, исто така, беше претставена од експерти од „Centro Studi Internazionali“, вклучувајќи го и Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор, придонесувајќи со експертиза во меѓународното право и глобалното управување. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ  – Центар за слобода и коосновач на Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, учествуваше во овој значаен настан во својство на ко-модератор.

Гласовите на Украина беа во средиштето на дискусиите, вклучувајќи го и украинскиот пратеник Олех Дунда како и новинари од првата линија кои продолжуваат да ја бранат вистината и демократските вредности под огромен притисок. Тоа е само еден дел од учесниците на високо посветени личности на обликување на обединет европски одговор на авторитаризмот и руската агресија.

Овој собир го означува почетокот на долгорочен напор за зајакнување на демократските институции, борба против дезинформаиите и одржување на европската поддршка за Украина.

Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата е формирана од германските организации Медиа дијалог и Млади за медиуми, меѓународната организација Нов европски граѓански форум и ЦИВИЛ – Центар за слобода, во декември минатата година, по одржувањето на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ во Скопје, со поддршка на владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Д. Мишев / Цивил Медиа


Повеќе:

Next Post
Скриншот

Штрајк на работниците на „Форд“ во Келн поради планираните отпуштања

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја корисниците од неколку улици во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk