Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.
Шефот на претседателската управа за комуникации, Фахретин Алтун, на Х напиша дека Ердоган со Зеленски ќе разговара за сите аспекти на најновите случувања во руско-украинската војна, како и за билатерални прашања.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во турскиот главен град, Анкара, на состанок со Ердоган, додека во Истанбул се очекува руски и украински функционери да почнат мировни преговори.