Како што се очекуваше, Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул денеска. Иако никогаш ништо не е сигурно кога Путин е во прашање, тој најверојатно ќе избегне да се сретне очи в очи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската делегација ќе ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински, според соопштението на Кремљ, објави Би-би-си.
Зеленски претходно изјави дека ќе присуствува на разговорите и ќе се сретне лично со Путин доколку рускиот претседател се согласи и рече дека ќе направи сè што може за да се осигури дека средбата лице в лице ќе се одржи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, нема да присуствува, според извештаите на медиумите. Тој претходно навести дека ќе присуствува доколку Путин биде таму.
Путиновото отсуство веќе е предмет на подбив на социјалните мрежи. Така, ФБ страницата Meanwhile in Ukraine веќе објави карикатура со Трамп кој прашува каде е Путин.
Украинскиот лидер Зеленски веќе ја коментираше постапката на Путин, дека тој е исплашен од директни преговори со него, како што објави лондонски Гардијан.
„Путин е исплашен од директни преговори со мене“, изјави Зеленски.
Во меѓувреме, продолжува рускиот ракетен терор. Во текот на изминатата ноќ, најмалку 110 дронови беа лансирани на цивилни цели во Украина, најголем дел од нив во регионот Суми, при што беа убиени најмалку пет лица.
Џ. Д. / Цивил Медиа