ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места

May 17, 2025 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со поставување камен темелник денеска беше означен стартот на инвестицијата на турската компанија за произведство на грејачи и отпорници за бела техника и електрични апарати „Шахтерм“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Скопје.

– Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е оваа инвестиција да има и втора фаза каде што вкупната вредност на оваа инвестиција ќе изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека ова е проект што ја развива економијата и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја, со што ќе придонесе за зајакнување на македонската индустрија и извоз. Потенцираше и дека последните економски показатели се охрабрувачки.

– Индустриското производството во март 2025 година е пораснато за 5,2 проценти на годишно ниво споредено со март 2024 година. Странските директни инвестиции за 2024 година достигнаа 1,255 милијарди евра, со што ја направија Македонија земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлацијата во март месец е под 3 проценти, 2,7 проценти, а во април е 2,6 проценти на годишно ниво. Платите растат од 9 до 10 проценти на годишно ниво, што е знак дека се бориме против сиромаштијата и сме за зголемување на животниот стандард на нашите граѓани. Во првиот квартал од 2025 година имаме раст на кредитната активност на бизнисите и граѓаните од 13 проценти  коишто е за 6 пати повеќе од оној којшто е во рамките на Европската Унија. Со сите овие економски показатели, параметри Македонија е на добар пат да биде во најбрзо растечките економии во Европа, рече Мицкоски.

Инвестицијата со која ќе се гради објект со површина од над 13.000 квадратни метри, опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Турскиот амбасадор Фатих Улусој изрази задоволство од стартот на инвестицијата на Шахтерм, која произведува грејачи и отпорници за водечките светски брендови на бела техника и електрични апарати, и истакна дека турските компании имаат важна улога во развојот на земјата обезбедувајки вработување за 10 илјади лица во државава.

-И ние ги охрабруваме турските бизнисмени да инвестираат во оваа земја и ќе продолжиме да го правиме тоа. Компанијата Шахтерм, на чија фабрика денес ги поставуваме темелите, ќе го заземе своето место меѓу компаниите кои гордо ја претставуваат нашата земја во Северна Македонија и ќе го зголеми придонесот на нашите компании за економијата на Северна Македонија, рече Улусој.

Имаме заедничка волја, додаде, трговската размена која се приближи до ниво од 1 милијарда долари, да ја зголемиме на 2 милијарди долари. Очекувааат што е можно поскоро да започнат преговорите за ажурирање на Договорот за слободна трговија од 1999 година, за кој веруваат дека ќе биде од корист за постигнување на оваа цел.

-Минатиот декември го одржавме бизнис форумот помеѓу Туркије-Северна Македонија со учество на нашиот министер за трговија, а вчера го одржавме 9-тиот Балкански економски самит со присуство на заменик-премиерот Веруваме дека овие настани ќе придонесат за понатамошно унапредување на економската и трговската соработка меѓу нашите земји. Со многуте компании и организации кои работат во земјата, особено во банкарството, образование, култура, здравство, одбранбена индустрија, индустриско производство, обновливи извори на енергија, туризам, градежништво, земјоделство, текстил и конфекција, преработувачка индустрија, малопродажба како и во многу области Туркије непрекинато ги продолжува своите економски врски и инвестиции со Северна Македонија, рече турскиот амбасадор.

Фарук Шахин, претседател и основач на Шахтерм, ја претстави компанијата, посочувајќи дека 60 отсто од своето производство го извезува. Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. „Шахтерм“ момнтно е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ТИРЗ СкопјеШахтерм

НАЈНОВО

Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk