ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

May 19, 2025 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост за недостатокот на транспарентност и информации поврзани со содржината на договорите за нов кредит од 6 милијарди евра кој го зема Владата. Тој посочи дека, според изјавите на премиерот и вицепремиерот, станува збор за два договори: „еден во делот на стратешка соработка, и еден договор на заем“ со Обединетото Кралство. Филипче потенцираше дека целата постапка се одвива без доволна информираност на јавноста и институциите: „Сметам дека јавноста, за жал, а ниту политичките субјекти, дали во парламентот или генерално во земјата, за ваков сериозен договор за заем, немаат доволно детали“.

Тој додаде дека Владата е должна веднаш да излезе со повеќе информации, бидејќи, како што рече, „ваква рамка за волкава сума на пари досега нашата земја не потпишала со ниту една институција, со ниту една влада“.

Истакна дека е особено важно да се знаат сите параметри, бидејќи се работи за „огромни суми на пари, камати кои што не знаеме колкави се, а кои ќе ги враќаат следните генерации“.

Во однос на првиот договор, за стратешка соработка, Филипче ја истакна поддршката од СДСМ.

„Апсолутно го поддржуваме“, рече тој, објаснувајќи дека и претходната влада потпишала ваков договор со Обединетото Кралство.

„Сметам дека тоа е земја, наш сериозен партнер во изминатите години, децении, секогаш, и во кризи кога сме биле, а и генерално во сите процеси за напредок на земјата, Велика Британија давала поддршка и тој чин, тој гест е за поздравување“.

Околу вториот договор Филипче изрази сериозни сомнежи и постави серија клучни прашања.

Според Филипче, износот од 6 милијарди евра е алармантен: „Огромна сума на пари, 6 милијарди евра, го надмина дури и нашиот буџет“. Тој истакна дека прво мора да се утврди потеклото на средствата: „Кое е потеклото на парите? Дали парите се британски и директно од британската влада или станува збор за фонд којшто е лоциран во Велика Британија, а располага со пари од некоја друга земја?“ – праша Филипче.

Филипче рече дека е неприфатливо прво да се соопштува дека има договор а да не се знаат условите.  „Дали знаеме колкава е каматата? Дали Владата знае, дали точно знае за што се преговара во овој период? Дали е направена споредба со некој друг извор на пари? Дали е направена споредба со Светска банка, со некои други комерцијални и инвестициски банки итн.?“ – праша Филипче.

Филипче потсети на заемот од Унгарија, за кој, како што рече, биле понудени полоши услови од оние на Светска банка: „Ние докажавме и покажавме документи кога Владата зема ист таков влада со влада заемот од Унгарија, дека во тој момент кредитот, односно заемот кој што можевме да го земеме за развој на општините од Светска Банка, беше далеку поповолен од таа камата што ја даде Унгарија – 3,25 проценти, дополнително одредени провизии за банките коишто ги делат кредитите“.

Тој остро реагираше и на начинот на кој повторно се прави договор од типот влада со влада: „Зошто повторно влада со влада заем? Повторно преседан. Никогаш во историјата на нашата земја не зајмила на тој начин пари“. Прашањето, според него, е и колку ќе има транспарентност во трошењето на овие средства: „Очигледно е помала кога станува збор за заем, а ќе се спореди со заем којшто се зема со некоја меѓународна финансиска институција, на примерот Светска банка, Европска инвестициска банка итн“.

Како пример за целосен недостаток на информации, го наведе случајот со унгарскиот заем: „Ние, на пример, за парите кои што стигнаа од Унгарите немавме и јавноста, ама апсолутно никакви информации. Транспарентноста е еднаква на 0“. Тој додаде: „Кои компании ги земаат, на кој начин, по кои критериуми? По кои критериуми ги добиваат општините тие пари?“

На крајот, Филипче оцени дека Владата мора итно да одговори на сите овие прашања, бидејќи се работи за клучна одлука со огромни импликации: „Сметам дека се ова отворени прашања на коишто Владата апсолутно треба да одговори пред вакви договори да се потпишуваат“.

Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ОКстратешки договорФилипче

НАЈНОВО

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени девет полицајци и пожарникари

July 4, 2025

Судир на два градски автобуси во Атина, повредени 47 лица

July 4, 2025

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk