ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партијата на Милеи победи на локалните избори во Буенос Аирес

May 19, 2025 10:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Партијата Слободата доаѓа (ЛЛА) на претседателот на Аргентина Хавиер Милеи победи на локалните избори во Буенос Аирес, откако листата предводена од неговиот портпарол Мануел Адорни освои 30,1 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати по околу 99 отсто обработени избирачки места.

Второто место на вчерашните избори го освои перонистичката листа Буенос Аирес сега, предводена од Леандро Санторо, со 27,3 отсто од гласовите. Републиканскиот предлог (ПРО), со Силвија Лоспенато на чело на листата, заврши како трет со 15,9 отсто од гласовите, што е најлош резултат за „жолтата партија“ во речиси 20 години доминација во аргентинскиот главен град.

Ова е првпат ПРО на избори да заврши зад перонистите. Излезноста на гласачите беше најниска во историјата на аргентинскиот главен град, бидејќи на избори излегоа 53,2 отсто од 2,5 милиони гласачи со право на глас. Ниската излезност на гласачите беше очекувана поради фактот што локалните избори се одржаа одвоено од националните избори закажани за 26 октомври, но таа бројка беше многу пониска од она што го проценуваа политичките аналитичари, наведува Буенос Аирес Хералд.

ЛЛА обезбеди победа откако се залагаше за спроведување на владините мерки „моторна пила“ во самиот град, слично на она што претседателот Милеи го направи на национално ниво со намалување на даноците и намалување на државното присуство. Милеи, славејќи ги резултатите од изборите во придружба на членовите на неговиот кабинет, порача дека станува збор за „пресвртница за идеите на слободата“.

Изборите за половина од 60-те места во градското собрание се сметаат за прв важен изборен тест за Милеи, кој стапи на должност кон крајот на 2023 година.

Tags: Буенос Аиресизбори
Next Post

Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk