ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време

May 19, 2025 10:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Првите разговори меѓу Русија и Украина по речиси три години, одржани во петокот во Турција, не беа целосно губење време, на пример, ќе бидат разменети по 1.000 заробеници, што од хуманитарен аспект е многу позитивно, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио во интервју за Си-Би-Ес рече дека претседателот на Русија Владимир Путин му објаснил дека ќе подготви документ во кој ќе бидат наведени нивните барања за прекин на огнот, што потоа треба да доведе до пошироки преговори.

– Значи, очигледно е дека и украинската страна ќе работи на својот предлог и се надеваме дека наскоро ќе биде готов, рече Рубио.

Тој рече дека од една страна, „се обидуваме да постигнеме мир и да ставиме крај на многу крвава, скапа и разорна војна, па одредена доза на трпение е неопходна, додека од друга страна, немаме време за губење“. Како што нагласи, САД не сакаат да бидат дел од процес кој се сведува на бесконечни разговори, туку мора да постои некаков напредок, некакво движење напред.

– На крајот, една од работите што би можела да помогне да се пробие овој застој, а можеби и единствената, е директен разговор меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и Владимир Путин, рече тој.

Трамп веќе отворено изрази желба и уверување дека до тој разговор мора да дојде и се надеваме дека наскоро ќе биде остварен“, рече Рубио. Според него, организацијата на таква средба бара одредени подготовки.

Во врска со војната во Газа, Рубио рече дека САД се залагаат за уништување на Хамас.

– Поддржуваме иднина за луѓето од Газа која е ослободена од Хамас и полна со можности. Тоа е она што го поддржуваме. А ова е група која на 7 октомври (2023) изврши една од најгнасните серии напади, киднапирања, силувања, убиства и земање заложници, што некогаш сме ги виделе, истакна тој.

Рубио рече дека САД, исто така, „поддржуваат завршување на конфликтот и прекин на огнот“.

– Не сакаме луѓето да страдаат, очигледно, како што страдаа и за тоа го обвинуваме Хамас, но сепак, постои страдање. Затоа сме активно ангажирани. Дури и додека разговарам со вас, активно работиме на тоа да откриеме дали постои начин да се ослободат повеќе заложници преку некаков механизам за прекин на огнот, рече тој.

Според него, Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, работи на тоа на дневна основа. „Тоа е нешто на што сите сме многу фокусирани и сè уште силно го поддржуваме. Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести во врска со тоа, но мислам дека постојат одредени пречки“, додаде тој.

Рубио рече дека конфликтот би можел веднаш да заврши доколку Хамас го предаде оружјето, се демилитаризира и ги ослободи сите заложници, вклучувајќи ги и оние кои починале. „Ако го сторат тоа, овој конфликт веднаш ќе престане. Тоа е точно од самиот почеток. Точно е веќе со месеци. Тие се тие кои одлучија да не ја прифатат таа понуда“, нагласи тој.

Во однос на Иран, Рубио рече дека ако сте во можност да збогатите ураниум на кое било ниво, тоа значи дека можете многу брзо да збогатите ураниум до ниво соодветно за производство на оружје.

– Тоа е едноставен факт и сите го знаат тоа, а тоа беше проблемот со договорот на (поранешниот претседател на САД Барак) Обама. Но крајната цел е едноставна: Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, рече тој.

Според него, претседателот на САД не сака војна и сака тоа да се постигне преку мирна преговарачка опција. „Тој е градител, а не бомбардер. Така се гледа и тоа е она што тој е. Тој е претседател кој сака мир и ја понуди таа опција и тоа е она за кое се надеваме дека Иранците ќе го прифатат. Но тој беше многу јасен: Иран никогаш нема да има способност, никогаш нема да има нуклеарно оружје. Тоа нема да се случи“, нагласи Рубио.

Tags: РубиоРусијаУкраина
Next Post

Низа земјотреси на грчкиот остров Евија - најсилниот 4,5 степени

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk