ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија, Судски Совет неправилно гласал

May 19, 2025 15:45
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд.

Според пресудата, во конкретниот случај, Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати. Поради недостиг на материјали и податоци за кандидатите, членовите на Советот не можеле да направат темелна анализа на нивната стручност и придонес во правната теорија. Иако Законот за судски совет бара исполнување на конкретни критериуми за избор, тие не биле формално проверени пред гласањето.

– Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со не гласање по останатите два предлози оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална подршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот иако претходно сите три кандидати биле подржани од членовите на Советот, што влијае врз законитоста и транспарентноста на постапката со оглед дека предлог избор не е донесен врз основа на целосно разгледување и гласање по сите предлози, туку по хронолошки редослед на изнесените предлози, поточно само по првиот предлог, со што е повредено не само начело на еднаквост туку и начело на мерит системот со оглед дека се оневозможува реална и објективна споредба на квалитетите, резултатите и придонесот на кандидатите во развојот на правната мисла и систем, во смисла на исполнетост на условите од член 98 од Законот за судски совет со што се дерогира законската обврска за еднаков, меритократски и транспарентен пристап во постапката, што е спротивно и на темелните уставни принципи на еднаквост и отчетност при вршење на јавна функција, стои во пресудата.

Дополнително, од увидот во записникот од седницата се утврдува дека членовите на Советот се запознале со биографиите на кандидатите за првпат на самата седница и пристапиле кон гласање само за првиот предложен кандидат, додека, останатите два предлога биле игнорирани. Ова довело до нееднаков третман на кандидатите, нарушувајќи ја транспарентноста и законитоста на постапката, како и мерит системот кој треба да обезбеди објективна споредба на нивните квалификации и придонес.

– Исто така, од увидот во Записникот неспорно произлегува дека по излагањето на биографиите на кандидатите од страна на нивните предлагачи, членовите на Советот се согласиле поединечно да гласаат според редоследот на дадените предлози, по што се пристапило кон гласањето само по прво изнесениот предлог на членот на Советот, за кандидатот Е. Д. судија на Апелациониот суд Скопје, додека по останатите два предлози (вториот и третиот) за предложените кандидати Т. С. судија од Апелациониот суд Битола и А.Д. судија од Основен граѓански суд Скопје, не се пристапило кон гласењето, односно гласањето е прескокнато, по што прво изнесениот предлог бил усвоен и се утврдил предлог Е. Д. судија на Апелациониот суд С. за избор на еден судија на Уставен суд на РСМ од редот на судиите во Република С.М., се дополнува во пресудата.

Судот оценил дека тужбата на Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет и воедно била и кандидат за уставен судија, е основана. Судот наложи повторно постапување согласно законските критериуми за правичност, транспарентност и еднаквост, при што треба да се спроведе гласање за сите предложени кандидати со целосно почитување на критериумите пропишани во Законот за судски совет.

– При повторното постапување тужениот орган треба да ги има во предвид укажувањата и забелешките содржани во оваа пресуда како и цитираните уставни и законски одредби, па по спроведување на законита постапка во рамките на своите уставни и законски надлежности, да донесе правилна и законита одлука која ќе се темели на Предлогот на С. с.за избор на уставен судија донесен во законита, транспарентна и објективна постапка со целосно почитување на мерит принципите и во согласност со член 98 од Законот за судски совет и начелата на правичност, транспарентност и еднаквост, потенцираат од Управен.

Уставната судијка Дуковска беше судија-известител за предметот со Законот за јазиците чија подготвителна седница беше закажана за 19 јуни.

Со пресудата таа се враќа на своето претходно работно место во Апелациониот суд Скопје.

Од Уставен суд најавија став по однос на пресудата.

Next Post
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk