По инаугурациската миса, папата Лав XIV одржа аудиенција со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и првата дама, Олена Зеленска – прва аудиенција со шеф на држава.
Претседателот му честиташе на папата Лав XIV за почетокот на неговиот понтификат, истакнувајќи дека тој претставува надеж за милиони луѓе кои копнеат по мир.
На средбата, претседателот Зеленски на папата Лав XIV му подари посебна икона – Светата Мајка со Бебето, насликана на фрагмент од сандак што се користи за складирање муниција од тешка артилерија, донесена од близина на Изјум.
For many nations, the image of a mother and child is a symbol of life that must be protected. Today, we presented Pope Leo XIV @Pontifex with a special icon – the Holy Mother with the Infant, painted on a fragment of a crate used to store heavy artillery munitions, brought from… pic.twitter.com/FVYceRqzvy
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 18, 2025
За многу нации, ликот на мајка и дете е симбол на живот кој мора да се заштити. Денес, му подаривме на папата Лав XIV @Pontifex посебна икона – Света Мајка со Бебето, насликана на фрагмент од сандак што се користи за складирање муниција од тешка артилерија, донесена од близина на Изјум. Оваа икона зборува за нашите деца. За оние кои страдале од војната, кои биле намерно киднапирани и депортирани од Русија и кои многу се очекуваат дома – во Украина, напиша Зеленски.
Се молиме за животите на сите наши депортирани деца и се надеваме на поддршка од Ватикан во ова прашање, за да можат сите тие, и децата и украинските затвореници, да се вратат дома, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Во колумната „Икона против руската војна“ на ЦивилМедиа, украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, инспирирана од една посебна изложба на украинските уметници Софија Атлантова, Олександр Клименко и Герман Клименко, која содржи циклус Богородични икони насликани на кутии од оружје, проект посветен на украинските деца кои се киднапирани од руските окупатори, пишува за идејата на проектот „Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив , како трансформација на смртта во живот. Кутијата од оружје е симбол на смртта, додека иконата го претставува животот.
Според амбасадорката, излегувајќи надвор од религиозниот простор, иконата насликана на кутии од оружје станува разбирлива и далеку од украинската земја, која секојдневно е подложена на ракетни и артилериски напади.
За време на руската агресија, Украинците научија да оперираат под непријателски напади, да ги едуцираат децата во засолништа и со неверојатна брзина да ја развиваат својата одбранбена индустрија.
Зошто тогаш да не се совлада и создавањето икони на кутии од муниција?!!!
Д. Мишев / Цивил Медиа