Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“.
Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше дека двоспратното летало може да биде „подарок“ од Катар.
По преземањето на функцијата во јануари Трамп побарал побрза замена за претседателскиот авион од планираната испорака на новите модели на Боинг. Со помош на Пентагон и пратеникот за Блискиот Исток Стив Виткоф, била идентификувана можност за набавка на авион од странски клиент — меѓу кои и Катар.
Според изворите, Пентагон понудил да го купи авионот, а разговорите на почетокот биле за изнајмување. И покрај тоа, Трамп јавно го претстави потенцијалниот договор како „гест“ од катарското кралско семејство, кој ќе му служи додека не се испорача новиот Air Force One, а потоа би бил предаден на неговата библиотека.
Белата куќа и катарските власти нагласија дека трансферот ќе биде регулиран преку договор меѓу двете министерства за одбрана, што сè уште е предмет на правна анализа. Авионот, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари, веќе е разгледан од Трамп на аеродромот во Палм Бич.
Повеќе американски демокартски законодавци, но и некои републиканци, изразија загриженост околу етичноста на договорот. Дополнително, трансформацијата на авионот во безбедносно прилагоден претседателски авион би била многу скапа и би траела со години.
Оригинално порачаниот Air Force One што го изработува Боинг се очекува да биде готов во 2027 година — две години пред крајот на вториот мандат на Трамп.