ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Двајца загинати и двајца повредени во денешниот инцидент во Холандија

May 21, 2025 15:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Две лица се убиени утрово при насилен инцидент во холандскиот град Хофдорп, соопшти локалната полиција, додавајќи дека при полициската интервенција на место на настанот се повредени и двајца полицајци.

Како што јави холандскиот информативен портал НХ, Националниот оддел за кривични истраги на Холандија истражува што точно се случило.

Според холандското Јавно обвинителство, телата на двете убиени лица, чии идентитети не се соопштени, биле пронајдени во куќата во која се случил инцидентот.

– Една жртва починала како резултат на прободување со нож, додека причината за смртта на втората жртва се уште се истражува, соопшти Јавното обвинителство.

Како што јави дописникот на МИА, Обвинителството додаде и дека полицијата отворила оган при интервенцијата, при што биле слушнати неколку истрели.

Портпарол на полицијата информира дека не може да каже како биле повредени двајцата полицајци, освен дека се наоѓаат во животна опасност. Дел од медиумите објавија снимки на кој се гледа еден полицаец со преврска на главата.

Полицијата претходно соопшти дека рано изутринава добила пријава оти „нешто се случува“ во една куќа во Хофдорп, место што се наоѓа западно од аеродромот Схипхол, по што неколку полицајци пристигнале на местото на настанот.

– Добивме пријава за инцидент со прободување со нож на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во Хофдорп околу 6:00 часот утрово. Неколку амбулантни возила и мобилен медицински тим се на лице место. Истрагата за инцидентот е во тек, објави претпладнево Полициската управа на Северна Холандија на Икс.

НХ претходно јави дека во и околу куќата биле пронајдени „голем број ранети лица“, но дека полицијата „се уште не може да каже ништо за природата на нивните повреди“.

Според медиумските информации, на едно полициско возило кое пристигнало на местото на настанот била забележана крв, а очевидци изјавили и дека траги од крв може да се видат на самата улица пред куќата.

Куќата во која се случил инцидентот е се уште блокирана, а затворена за сообраќај е и улицата на која се наоѓа таа.

Медиумите јавуваат дека форензичката истрага за инцидентот се уште трае, а дополнително Националниот оддел за кривични истраги ја истражува и употреба на сила од страна на полицијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: двајца загинатидвајца повредениинцидентХоландија

НАЈНОВО

Сиљановска го објави името – Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка

May 21, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk