Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека потпишал договор со кој суверенитетот над островите Чагос во Индискиот Океан му се враќа на Маврициус.
Архипелагот е значаен поради стратешки важна воена поморска и воздухопловна база на најголемиот од островите, Диего Гарсија.
Стармер рече дека договорот ја обезбедува иднината на базата, која е „во самата основа на безбедноста на нашата татковина“.
Потпишувањето беше одложено неколку часа откако британски судија го блокираше договорот во последен момент. Сепак, подоцна денеска таа забрана беше укината од друг суд.