ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

May 22, 2025 09:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Лизгање на земјиштето на локален пат и мали штети на објекти, предизвика земјотресот со јачина од 6,1 степени што утрово беше регистриран во морскиот дел на околу 60 километри северно од островот Крит, а според грчките сеизмолози нема простор за загриженост, јави дописничката на МИА од Атина.

Училиштата на Крит ќе останат отворени, засега не постои опасност од цунами, а претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за грчките медиуми посочи дека е позитивно што земјотресот бил со голема длабочина и оцени дека не се очекува интензивна последователна серија земјотреси.

Дополнително објасни дека со оглед на тоа што епицентарот е во подводниот дел и е доста далеку од Крит, последиците од земјотресот се мали, но и дека бил почувствуван во речиси пола Грција.

Земјотресот беше почувствуван и на Пелопонез, Кикладите, Кипар, дури и во делови на Атина, а во Ираклио во северниот дел на Крит, паднаа делови од фасадата од постар објект во центарот на градот, а поради јачината, во продавниците производите паднале од полиците.

Градоначалникот на општина Ираклио Алексис Калокеринос во изјава за медиумите рече дека не постои никаков проблем, училиштата ќе останат отворени, а доколку е потребно, ќе се преземат дополнителни мерки.

– Нема да ги затвориме училиштата, разговарав со градоначалниците на околните општини, активирана е и групата за итни интервенции на цивилната заштита од нашата општина, рече Калокеринос.

Градоначалникот на општина Ситиа во североисточниот дел на Крит Јоргос Зервакис, за телевизијата Скај посочи дека беше еден од најсилните земјотреси во регионот и нагласи дека не постои никаков проблем во статичноста на училиштата

Танасис Ганас, шеф на одделот за истражување во Геодинамичкиот институт во Атина рече дека не очекува речиси никакви последователни потреси.

Пред помалку од десет дена земјотрес со јачина од 6,1 степен беше регистриран и во морскиот дел кај грчките острови Касос и Родос, што беше почувствуван и на Крит, но не беше предизвикана материјална штета.

Во изминатите денови имаше серијата помали земјотреси што го потресоа северниот дел на Евија, вториот по големина остров во Грција.

Tags: земјотресКрит
Next Post

Нетанјаху: Ќе се зголеми безбедноста во израелските мисии

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk